Јордан Мијалков, Доста Димовска, Гордана Јанкулоска, Митко Чавков, Наќе Чулев. Сите до еден министри за внатрешни работи во самостојна и независна Македонија од редовите на ДПМНЕ и сите подеднакво сурови. Кој како ја преземаше функцијата, го надминуваше претходниот во секоја смисла. Од политички афери и партизација на институцијата, преку изборни фалсификати и терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, се’ до последниот во низата… оној со отсјајот, чиј одраз во огледалото е профил на министер без харизма, дрзок партиски војник и слеп послушник на директивите на унгарскиот бегалец.
Ама, секое зло за добро: начинот на кој Чулев раководи со МВР, е најдоброто потсетување како мицковци го замислуваат практикувањето на демократијата. Се разбира, во размер 1:100.
ФБ статус на Зоран Милошески