Милошески: На едни исти нереализирани типови и рекетари, плукањето и сеењето зла крв им е алатка за остварување на личните цели

Фејсбукот стана неподнослив, со омраза и злоба контаминиран медиум. Тенденцијата на клеветење и оцрнување личности кои во време на невреме несебично и беспоштедно го ризикуваат своето здравје во интерес на пошироката заедница, зема се’ поголем замав. На едни те исти нереализирани типови и рекетари, плукањето и сеењето зла крв им е алатка за остварување на личните цели. Политички или финансиски, сеедно. Лоша била Владата, не бил добар Филипче, не чинеле градоначалниците… Арни биле само тие, истресоци на општеството кои сопствената среќа ја градат на туѓата несреќа.
Бедни, мизерни суштества, недостојни на човечкиот род!

ФБ статус на Зоран Милошески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e