Милошески: Многу беше, малку остана!

Разбирливо е што повеќенеделното ограничување на слободното движење, како една од мерките против ширење на КОВИД-19, внесе нервоза кај граѓаните. Меѓутоа, тоа никако не ни дава за право да влеземе во улогата на „здравствени експерти“ и, како што некои пишуваат, во пресрет на 1.Мај да бараме „Владата да се опамети“ и да го укине полицискиот час.
Веројатно најдобриот одговор поврзан со (не)укинувањето на полицискиот час, го даде српскиот епидемиолог Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, која на новинарско прашање какви ќе бидат мерките за првомајските празници, одговори со контрапрашање: „Има ли некој од присутните на оваа прес конференција, кој нема да излезе надвор за 1.Мај ако нема полициски час?“.
Знаејќи ги нашите навики, не е тешко да се претпостави што ќе се случува ако се укине забраната за движење пред претстојниот продолжен празничен викенд. Резултатите кои ќе дојдат после петнаесетина дена, ќе бидат застрашувачки.
Затоа, трпението и разумот нека преовладаат и во следните десетина дена. Оти на сите нам кои седиме дома, или кои заради природата на професијата секојдневно сме изложени на опасноста од инфицирање со подмолниот непријател, сигурно не ни е потешко отколку на нашите сограѓани кои се наоѓаат на Инфективната клиника или во другите здравствени установи во државата.
Многу беше, малку остана!
Седете дома!
ФБ статус на Зоран Милошески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e