Милосавлески: Потребна е поделба на Министерството за информатичко општество и администрација на две одделни министерства

Сметам дека во иднина е потребна клучна реформа во функционирањето на министерствата или конкретно, поделба на Министерството за информатичко општество и администрација на две одделни министерства.

Овие две проблематики се од сосема различна природа и не може да делуваат со една сеопфатна стратегија доколку сакаме максимален развој на конкретните полиња.

Информатичкото општество и дигитализацијата на процесите се иднината. ИТ индустријата е област која според мене има најголем потенцијал за развој и продуцирање на средства и вредности, област која доколку и се овозможат правилни услови може ја направи Македонија дигитален производствен центар не само за Балканот, туку и за западноевропските и скандинавските земји.

На ИТ компаниите им се потребни контакти, хабови и центри кои ќе ја бустираат интернационалната соработка, врмежувањето и ќе ја максимализираат домашната продукција. Силните домашни компании самите ќе го “туркаат” унапредувањето на дигиталната инфраструктура, тргнувајќи од сопствените потреби за модерен и функционален енвајорнмент, што е ВИН-ВИН ситуација во насока на модернизацијата на општеството.
Администрацијата, од друга страна, си има свои предизвици.

Сигурен сум дека има и многу аргументи кои ќе го тврдат спротивното, но природно е кога две работи имаат различна траекторија, брзина на движење и моментум, истите да функционираат индивидуално.

ФБ статус на Бобан Милосавлески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e