Сашо Мијалков, екс началникот на УБК и најмоќната фигура во државата во времето на ВМРО ДПМНЕ на Никола Груевски, денеска се соочи со правдата. Доби 12 години затворска казна, а од судот замина со полициско комбе со решетки со кое ќе стигне до дестинацијата која ќе му биде следна во идните 12 години. Јавноста со бурни реакции за денешната пресуда. Колку е задоволена правдата?
Ви пренесуваме дел од ставовите на социјалните мрежи:
„За сето страдање, насилство и терор што го правеа груевистите и мијалковистите на илјадници, десетици илјади луѓе, мене овие казни затвор ми се доволна сатисфакција. После се’, правдата е задоволена. Не дека ѓубрина не постојат, туку едноставно знаеш брате мили дека постои држава која многу јасно знае кои беа жртвите, а кои беа џелатите.
На Заев и оваа Влада им благодарам за се’. Ова е вистинска Влада. И ова го зборувам без грам цинизам. И не велам дека ова е власт, туку ова е Влада – со сите нејзини системски слабости – која има огромен степен на разум во носењето на своите одлуки и Влада која знае што е јавен интерес, а што е терор“ – пишува аналитичарот Ненад Јовановиќ.
„Војводо, решетките не можат да ја спречат твојата душа и мисла да лебди над Македонија и да не чува нас, граѓаните да не згрешиме. Знам дека за наше добро не слушаше, за да не застраниме, да не фатиме крив правец. Издржи, најтемно е пред разденување…“ – пишува во ироничен стил новинарот Горан Темегунов.
„Прво се мантраше дека Мијалков е во коалиција со Заев. Потоа дека се договорени да не лежи. Потоа кога избега, еве договорени се го пуштија да бега а забораваа дека ако го пуштаат да бега вршат самоубиство и паѓа владата. Откако се појави, не убедуваа дека сам се појавил и играл курташак со државата и дека веќе е јасно дека блага казна ќе добије од 3-4 , максимум 5 години затвор.Денес го осудија 12 години, претпоставувам дека се изненадиле од високата казна и сега матрата е: абе ова е театар нема да лежи ќе чекаат да застари делото. Куќниот притвор на СМ е заменет со затворски и од судницата ќе биде спроведен право во Шутка. Абе волку многу јаки експерти нема ни у Београду.“ – гласи ФБ статусот на Замир Мехмети.
„Сашо Мијалков 2009 – 2021. Во 2009-та кога мене ми се судеше за клевета кон Сашо Мијалков, директорот на УБК во судот се појави со 10-тина полициски возила, а над нас летаа три хеликоптери за негова заштита. Пред судот изјави дека се плаши од мојот глас кога ќе го чуе на вести. 12 години подоцна, во истиот суд, истиот човек пристигна во полициска марица, го осудија онолку колку што поминаа од мојата пресуда – 12 години. Денеска тој се исплаши од гласот на правдата.“ – пишува новинарот Љубиша Арсиќ.
„Господинот Зоран Заев, сакам уште 10тина вакви договори да направи со вмровската багра, по 12 години затвор“ – констатира иронично Круме Смилков.