Мицкоски ќе биде жртва на брзањето на Фамилијата

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа:

-Еден добар митинг не ја чини пролетта. За ВМРО-ДПМНЕ. Но, барем една работа се чини сосема расчистена: Христијан Мицкоски ја зацврстува својата партиска лидерска позиција на начин што ниту размислува да се извини на нацијата, а уште помалку внатрепартиски да расчисти со криминалните, политичките и моралните злосторства сторени од претходното, довчерашно раководство на организацијата на чие чело сега стои тој.

Историјата ќе покаже – да го парафразирам Мицкоски – дали, со педантното продолжување на политиката на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ може во догледна иднина да се надева на враќање на власт во државата. Бидејќи, да се прави и да им се говори на своите партиски следбеници само тоа што тие сакаат да го видат и да го чујат не е рецепт за лидер со амбиција за повторно освојување на власта. Добро, знаеме: метафората „бате Геле“ повторно ќе гласа за вас. И?

А токму брзото враќање на власт е од клучна важност, прашање на затвор или слобода, за најважните функционери од Фамилијата. Фејсбук-крикот на Груевски дека „Македонија се буди!“ – и тоа, аман, баш пред започнување на долгото, топло лето?! – остава впечаток дека на баба Нада ѝ се сонило тоа што, задремана, сакала да го види во реалноста. Го туркаат Мицкоски да повикува на нови избори, иако за таков вид на коцкарско блефирање треба барем половина од шпилот карти да ви се обележани. Сега за сега, држат пар осмици в раце и се надеваат дека во следното делење ќе добијат три кеца. Па, сите сме го гледале „Казино Ројал“, ама вистинскиот живот во Македонија не се одвива во Монте Карло и Монако, кај што се забавуваше Фамилијата.

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e