Мицкоски е полн со бисери и признанија кои потсвесно му избиваат на површината во неговите јавни настапи. Впрочем, не е единствен во партијата.
На интервју на МТВ (21 декември), Мицкоски не можеше да побегне од својата потсвест, па го цитираше премиерот Зоран Заев.
„И ќе мора во овој момент да најдеме начин тука дома да направиме Европа“ – го цитираше Мицкоски својот премиер (Заев) во интервјуто во кое правеше „тези“, „антитези“ и извлекуваше нови „тези“, се заплеткуваше, а потоа, за да се отплетка, повторно се заплеткуваше. Се разбира, тонеше и во своите веќе пословично погрешни математики. Ама нема информации за тоа колку вмровци имаат бугарски пасош… Но затоа има дезинформација дека „се укинува предметот историја“. И сака експертска влада – на власт без избори, бидејќи постојано ги губи…
И вмровското Димче портпаролче пред некој ден извика „Да живее Зоран Заев“! Амбицијата на Мицкоски е голема. Толку многу сака да биде како Заев така што малку фали во ТВ настапите да почне и тој како Димче да извикува „Да живее Зоран Заев“.
Мицкоски е „на браникот на криминалот“ како што си кажа самиот во претходно интервју за ТВ24. Не е остаток, туку е директен наследник на режимот. Влезе во извештаите на ЕУ како извор на дезинформации, рамо до рамо со еден пореметен лик од македонската Фејсбук јавност, екс-спортски коментатор, измамник и квази-сточар.
Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил медиа на следниот ЛИНК.