Мицкоски блефира со изборите

Мицкоски, како и секој граѓанин, знае дека изборите, било предвремени било редовни, ги распишува парламентот, а може да се освои власта и со изгласување на недоверба на владата и со ново мнозинство. Серијата неуспешни пиар интерпелации покажаа дека мнозинството во Собранието иако е минимално сѐ уште е стабилно и има шанси во наредните три ипол години да оствари значаен дел од стратегиските државни интереси. Шансите на опозицијата да дојде на власт не се во брзи избори, туку во тоа дали ќе учествува во остварувањето на стратегиските државни интереси и приоритети со критики за нивно побрзо остварување. Продолжувањето со препознатливата погрешна стратегија да ги попречува државните интереси е најпогрешната политика на опозицијата. Додека не се променат креаторите и носителите на блокадите во ВМРО-ДПМНЕ опозицијата нема изгледи да се врати на власт.

Притоа не е на одмет во ВМРО-ДПМНЕ да се совлада најтешката лекција во балканските предизборни и изборни процеси, а тоа е како да воспостават доверба кај партнерите за коалицирање.

Се разбира, пред сѐ мислам на албанските политички партии. Апсолутно еднопартиско мнозинство во парламентот како стојат работите уште долго ќе нема, а и да има коалициите се неминовност, но воедно се и најслабата точка на делување и работа на македонските влади колку тоа однадвор да изгледа стабилно. Двоглавите влади и да се еднонационални тешко функционираат. Тука се кријат и блокадите во самата влада за одговорно управување со државата и за порешителна борба против организираниот криминал и високата корупција. Во суштина, најголемата политичка умешност на премиерите е да се управува со државата одговорно и чесно во коалициски влади со тесно мнозинство во парламентот, а јавноста тоа да го препознава. Тоа е висок степен на демократија, политичка и комуникациска култура која кај нас сѐ уште е неприменлива, оти ја немаат ни политичките лидери, ни медиуимите. Сѐ уште во Македонија примитивизмот, провинционализмот и заостанатоста си бара свој јазик на разбирање, оној кој најчесто го слушаме и гледаме.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Независен на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e