Мицкоски бара предвремени избори, без претходно да ја реформира партијата на Груевски?

Наместо да даде поддршка на раководството на државата која во последниве години се бори за добивање датум за преговори со ЕУ, од денешниот настап на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се добива впечаток дека со денови се надевал за неуспех на земјава на нејзиниот пат кон Европа.

Иако очекувано, наместо да застане на страната на државните интереси, без да чека ниту еден ден, побара избори и вината ја префрли на оние што ја донесоа земјава до европските порти. Немањето доблест да се признае дека оваа власт направи големи жртви на европскиот пат, она што цела Европа го препозна и призна, говори повеќе од сето она што денеска сакаше да го каже Мицкоски.

По долгиот и празен говор, од кој не слушнавме јасен политички став, Мицкоски откри дека ниту е алтернативата за државава, ниту пак има некакво решение во рака, а најмалку дека знае што значат државни интереси.

– Нема датум оти нема реформи, а имаме систем на распаѓање и власт која не испорачува правда. Не е Франција виновник, од Франција треба да земеме пример како треба да се однесуваме како општество. Но, со политичари како Зоран Заев тоа ќе биде невозможна мисија“, изјави денеска меѓудругото лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Ваквата изјава беше осудена на социјалните мрежи, со оглед дека речиси целото раководство на ЕУ даде најпозитивни оценки за Македонија. Позитивни оценки даде и Франција, чие лидерство порача дека проблемот не е кај Македонија, туку кај Франција и ЕУ и дека таму работите им биле несредени, па затоа треба да се почека со проширувањето.

– ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи план консултирајќи експерти за соодветни реформи. Реформи што ќе значат крупни чекори во иднина. Го имаме решението за равенката како Македонија да се направи современа и модерна држава, порача лидерот на опозициската партија додавајќи дека актуелната власт имала шанса да испорача резултати, но дала само ветувања, кои не постојат.

Иронично е сега тој денеска да ветува модерна држава, која не знае да ја објасни што значи таа и дали тоа подразбира дека ќе ја гради со истата екипа околу него која му ја остави Никола Груевски?

Христијан Мицкоски не може ниту да повикува на никаква обнова, откако по десет години на власт, ВМРО-ДПМНЕ остави пустош на сите полиња. Криминалот, корупцијата беа одлика на владеењето на Никола Груевски, од кого народот едвај дочека да се спаси.

Мицкоски не може ниту да бара предвремени избори, без прво да ја реформира партијата на Никола Груевски, не додека не се огради од Никола Груевски, не додека не покаже вистинска програма и за кои цели се залага. И Никола Груевски најавуваше и сакаше модерна држава, но ја врати земјава во средниот век.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e