Во истиот викенд кога Србија ширум ги отвори своите порти за да помогне во вакцинирањето на целиот Балкан, Бугарија (членка на ЕУ, наш сојузник во НАТО) ни врачи уште еден демарш за некакви книги што не поминале граница за влез во Македонија, откако, ден-два пред тоа, некој од нивните евро-пратеници (чинам ќе беше некој од владејачката партија ГЕРБ на Борисов и Захариева) во Европскиот Парламент нè спореди со Северна Кореја!
Бреееј, какви шутраци! (Именката шутрак своето значење го влече од „шут вол“, без рогови, а сака да боде, и има преносно значење на несмасност… Таман за оваа прилика!)
Веста за тоа што го направи Србија не го обиколи светот – го обиколи Балканот, а заслужуваше со неа барем една вечер да се започнат и вестите во светот – бидејќи најголемите и најмоќните земји се премногу зафатени со тоа кој кому ќе му украде некоја пратка вакцини, на најбезобразен начин, со подметнувања и закани, а во тоа особено предничат западните земји, со акцент на нашите сојузници од НАТО. Се покажува дека реал-политиката е жива и здрава во распаднатите меѓународни односи и дека, кога ќе дојде до голема криза, прво се спасуваш себеси, а на другите Господ здравје да им даде!
Добра е тоа лекција испорачана, помеѓу воените смотри и писмата со сојузнички честитки, на нашата прва годишнина од членството во НАТО.
Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил медиа на следниот ЛИНК.