Според ХидроМицко неговата коалиција е победник на изборите бидејќи бројот на пратеници од коалицијата Можеме без пратениците од Беса бил помал од бројот на пратениците во неговата коалиција.
Математички прецизно тоа е глупост.
Во неговата коалиција има пратеници од Гром на Стефче Јакимовски на Социјалистичката партија на Ѕинго на Партиите на Турците, Ромите. Србите и независни пратеници од кои ниту еден не му е сигурен откако ќе се формира влада. Познат е случајот со пратениците од Гром кои во претходниот мандат ја сменија страната, со пратениците од партијата на Ѕинго кои гласаа за промена на Уставот, па и за 8те пратеници на ВМРО кои Мицко го прогласи за предавници кога застанаа на страната на двотретинското мнозинство.
Оттука, математички прецизно Мицко се обидува својот пораз да го нарече победа.
А и што друго му останунува?
Откако е лидер на партијата ги изгуби катастрофално локалните избори. Ги изгуби претседателските. А сега ги изгуби и парламентарните.
Секој малку одговорен лидер на партија по толку изгубени избори би поднел оставка на функцијата и би оставил место некој друг да се обиде да пистигне подобар успех.
Но нему очигледно математиката му е слаба страна.
Тој не може да пресмета дека ќе ги губи сите следни избори уште долго со кадри како Гордана Сиљановка која е транзиционен политичар против какви се бори ВМРО и со политика која е ниту вода ниту киселина. Тоа е политика која не го дава името и бојкотира а ја признава реалноста односно името, политика која сака добри односи со Албанците ама ги плаши Македоците со федерализација и албанизација, политика со која ветува борба против криминалот а партијата му е сместена во украдената раскошна бела палата изградена си пари од корупција и злоупотреби на власта.
Математички прецизно додека тој не биде сменет ВМРО ќе ги губи изборите колку и тој да клекнува на колена и да се претставува како исцелител и спасител.
На крајот на краиштата мора да постои некој принцип во партијата. Кога се губат изборите лидерот поднесува оставка.
И тоа е единственото математички прецизно што треба да го направи.
ФБ статус на Ѓорѓи Спасов