Маркоски: ВМРО со политиките кои ги спроведуваа го зголемија аерозагадувањето

Пред да зборуваат за аерозагадувањето, ВМРО прво треба да се извинат затоа што за време на нивното владеење со политиките кои ги спроведуваа го зголемија аерозагадувањето.

Некои од нив беа:

1. Зголемување на цената на струјата и ја укинаа дневната ефтина тарифа (тоа ги предизвика протестите против поскаувањата)

2. Дивеењето на урбаната мафија во Скопје го достигна својот пик за време на владеењето на вмро. Тие пак беа горди што секторот градежништво на станбени објекти забележува невиден раст.

3. Со законот за ослободување од данок за половни автомобили во 2010год се внесоа над 50 000 половни автомобили што значително допринесе за зголемувањето на аерозагадувањето

4. Наместо да купат градски автобуси на гас тие ради пуста провизија од „жутите“ купија автобуси на нафта.
итн, итн, итн, итн, итн, итн,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e