Маричиќ за судските такси: Физичките лица наместо 48.000 денари како досега, ќе плаќаат најмногу 6.000

Министерот за правда е свесен дека преку работата на неговиот ресор во многу нешта ќе зависи оценката за успехот на оваа влада. Бојан Маричиќ во интервју за „Независен“ вели дека врвна цел и на Министерството и на судовите и на обвинителите е да има навремена правда за сите. Тоа за многумина изгледа како далечна и недостижна цел, но Маричиќ уверува дека со новата енергија, големата вклученост на многубројни експерти од судската и научната фела може да се стигне до вистинските реформи. Особено поради тоа што преговорите со ЕУ ќе почнат веднаш со владеето на правото и кругот треба да се затвори токму со него.
-Ние на граѓаните им ветивме правда и тоа ќе го оствариме. Правда во нашата земја ќе има, а Владата и Министерството со кое раководам, како носител на тој процес веќе преземаат конкретни чекори. Свесни сме дека граѓаните ќе нè ценат според успехот на Министерството за правда, но како што многу пати кажав, со многу работа, храброст и искрен пристап, правдата во нашата земја ќе биде издигната на многу повисоко ниво. Но кога зборуваме за владеењето на правото во државата, треба да сме свесни за носечката улога која ја имаат судовите и обвинителствата. Секако ние како Министерство имаме обврска да обезбедиме услови и регулатива тие да функционираат што е можно подобро. Тоа го правиме преку закони кои ги гласаат пратениците во Собранието. Само со заедничка работа на овие институции можеме да дојдеме до тоа што е наша врвна цел – навремена правда за сите. – вели Маричиќ во интервју за Независен.
-Тоа што веќе успеавме да го направиме е намалувањето на судските такси. Физичките лица наместо 48.000 денари како досега, ќе плаќаат најмногу 6.000, односно не повеќе од 100 евра. Оваа мерка е за граѓаните. Ја правиме правдата подостапна за нив што беше едно од ветувањата во предизборието. Работиме и на методологијата за прочистувањето на судството која истото така очекуваме да биде објавена во првите 100 дена. Секако, тука се и повеќе закони кои имаат за цел да се подобри работата на целиот правосуден систем. Како, на пример, закон за Академијата за судии и обвинители за да се подобри ангажирањето на обучени судии. Со овој закон стручните соработници ќе можат да одат на обука за судии по прилагодена програма со која обуката ќе биде намалена од две на една година. Има многу квалитетни стручни соработници со огромно искуство и мислам дека со тоа ќе можеме на добар начин да ги вклучиме во судските редови. Очекувам концептот за овој закон за прилагодување на програмата да се објави пред крајот на годината.  – вели Маричиќ за приоритетите во ресорот.
Целото интервју на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e