Македонија излезе од кома

Ви пренесуваме дел од колумната на Ерол Ризаов за „Независен“:

-Македонија зема здив по историската одлука да почне постапката за уставни промени во согласност со договорот со Грција кој веќе двапати е ратификуван во Собранието. Државата не е повеќе во кома. Запрено е попречувањето на иднината на поколенијата и европеизацијата на Македонија и нејзиниот развој како сојузник на западниот свет. Сега полесно се дише, иако загадувањето на човековата околина не е исчистено.

Непристрасните истражувачи на современата историја по извесна дистанца ќе ја дадат точната дијагноза на болеста што ја нападна малата балканска земја во која сите имале иста цел да бидат дел од Европа, но од толку силно сакање за малку ќе ја задушеа својата татковина. Но, таа работа да им ја оставиме на проучувачите на историските настани. Кај современиците, непосредните сведоци и учесници ќе остане во колективната меморија гласањето во парламентот како пресуден чин за отворање ново поглавје како најзначајна одлука по прогласување на независноста на државата.

Денеска, три дена по драматичната „прозивка“ во Собранието, емоциите веќе стивнуваат, а реалноста ги наметнува клучните прашања за остварување на целта. За почеток, најдобар сојузник е свесноста за фактот дека ништо не е готово додека не се заврши. Добро е и тоа што немаше ниту еуфорија ниту, пак, протести и конфликти. Изливите на закани, примитивизам, омраза и делби на социјалните мрежи, невидени и нечуени досега, се сериозна опомена дека сè уште има доволно човечко тесто за месење и злоупотреби, но ја губи силата за дестабилизација на државата.

Целата колумна на „Независен“ на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e