ВМРОВЦИТЕ НЕ ЗАГАДУВААТ Вмровците се во право кога протестираат со коли „за да биде помасовно“, како што напишаа во една своја внатрешна комуникација. Се работи за супер лускузни лимузини и спортски аутца, кои не го загадуваат воздухот, за разлика од онаа ситна автомобилска боранија во која се вози обичната раја. Не е точно ни дека оваа партија исцицала неколку, некои велат, повеќе од шест милијарди евра од земјата. Дека тоа не е целосно точно, сведочат раскошните имоти, згради, куќи, хациенди и други недвижнини, расеани низ целата земја, на најдобри локации.
НЕ ЈА МЕНУВАЈ ТЕМАТА! Значи, не се сите пари во странство, голем дел од тоа богатство е тука, во родината. Украдено богатство? Од изборни кражби до грабеж на народот и негово дисциплинирање со полиција, судство и медиуми… Стоп! Од другата страна се слуша прекорен глас: Срам да ви е, г. Дерала, ја менувате темата. Важно е дека не загадуваме, а „масовно“ протестираме! Загадувачи сте вие, обичните луѓе, што не сте се снашле. Кој Цацко ви е крив што не знаете и не сакате да бидете како нас?
ЕКОЛОШКИ ПОДОБНА МАСОВНОСТ Вмровците знаат како се постигнува масовност и тогаш кога ја немаат. Притоа, нивните решенија се секогаш еколошки подобни. Така, кога пред собрание се залогорија со месеци, „масовноста“ ја постигнуваа со клупите од парк. Масовната поддршка на социјалните мрежи ја постигнуваат со трол фабрики и ботови. Масовноста на улиците ја постигнуваат со луксузни коли. Сето тоа се незагадувачки технологии и политички платформи со кои се грижат за белите дробови на нацијата.
Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил медиа на слениот ЛИНК.