Централната изборна комисија во Бугарија штотуку излезе со најнови ажурирани податоци…
По пребројани 54,63% од гласовите, ги имаме овие резултати:
➳ ГЕРБ …………………………… 24,88%
➳ Има таков народ ……. 18,74%
➳ БСП ……………………………. 14,91%
➳ Д. Бугарија ……………….. 10,53%
➳ ДПС ………………………………. 8,99%
➳ Изправи Се! ……………….. 4,98%
➳ ВМРО …………………………… 3,55%
ВМРО на Каракачанов е сè подалеку од исполнување на изборниот праг од 4%… Рано е за да се отпишат, но шансите во овој момент не им се многу големи… Покрај нив, сè поизвесно е дека надвор од парламентот ќе останат и нивните коалициони партнери НФСБ и Атака… Оваа коалиција досега имаше 27 пратеници и беа трета сила во парламентот…
Покрај нив, ова е голем пораз и за нивните навивачи во МК, Мицкоски, Апасиев и Бачев…
Што е следно?
Социјалистите на Корнелија Нинова експлицитно се против коалиција со победникот на изборите ГЕРБ на Борисов…
„Има таков народ“ на Слави Трифонов, коишто освоија најмногу пратенички места по ГЕРБ, и пред изборите и веднаш по завршување на изборите истакнаа дека шансите за коалиција со ГЕРБ се рамни на НУЛА…
Борисов во обраќањето до јавноста понуди широка коалиција, но аналитичарите велат дека таквата идеја е неостварлива…
Анализирајќи ги бројките, се прашувам дали е возможна коалиција на ГЕРБ со ДЕМОКРАТИЧНА БЪЛГАРИЯ и со ДПС (Партија на Турците и други малцинства)? Нешто што можеби изгледа чудно на прв поглед, со оглед на ‘десното’ профилирање на ГЕРБ, но јас не би отфрлил и таков расплет на настаните… Верувам дека такво нешто би им се допаднало и на Европа и САД!
ФБ статус на Ацо Лукароски