Лукароски: Почитувајте ги до небо сите здравствени работници…

Во центарот на Торонто има една улица на којашто се наоѓаат неколку големи болници, една до друга, од двете страни на улицата… Пред некој ден бев сведок на интересна ситуација… Поминуваше на пешачки премин една медицинска сестра и возачите околу неа ја поздравуваа со кратки, пулсирачки свирки…
Почитта кон здравствените работници во овие тешки времиња е навистина огромна…

Пред два дена полнев гориво на бензинска пумпа Shell и внатре во затворениот простор можат да се купат многу работи… А на самите пумпи надвор имаше натписи дека сите здравствени работници можат да влезат во затворениот простор и дека од Shell ќе добијат бесплатен сендвич и бесплатен пијалок…

Последно што прочитав, Hertz Rent-a-car на здравствените работници до крајот на мај им даваат бесплатни возила…

За тие што не знаат, мојата сопруга Vesna Lukaroska е фармацевт и работи во најголемата болница за канцер заболувања, Princess Margaret Cancer Hospital… Пред некој ден бевме во банка и брзо ја добивме бараната услуга… На крајот мојата сопруга се заблагодарува, а службеничката ѝ одговара:
– Видов на вашиот профил дека работите како фармацевт во болница… Така да, дозволете ми ЈАС ВАМ да ви се заблагодарам… Тоа го слушнаа и другите службеници во банката и сите ја поздравија Весна со аплауз… Солзите не можевме да ги сопреме, ниту Весна, ниту јас…

Порака до сите мои пријатели во Македонија… Почитувајте ги до небо сите здравствени работници… Почитувајте ги вработените и од сите други професии што во овие тешки времиња се во ‘првите редови’, служејќи им на сите граѓани во државата… Заслужуваат аплауз!

ФБ статус на Ацо Лукароски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e