Од сите оние што ја критикуваат привремената рестрикција на плати во администрацијата, ниту еден не понуди некое друго, алтернативно решение…
Би било чесно, секој што мисли дека платите треба да останат исти, нека каже на што друго би скратил? Пошто НЕМА ДОВОЛНО ПАРИ за сите потреби…
Дали критизерите можеби мислат дека треба да се затворат болници и аптеки? Така би се заштедиле малку пари за плати за администрацијата…
Или да престанеме да увезуваме нафта… Па бензиските пумпи да ги оставиме без гориво и да ги затвориме? И така би се заштедиле пари за нечии плати да останат исти…
Има опција и да ја извеземе цела струја што ја произведуваме, па добиените пари да ги пренасочиме за плати… Е сега, на тој начин никој во државата ќе нема струја, ама плати си се плати…
Лесно е да се критикува, но нечесно е ако заедно со критиката не се понуди некое подобро решение…
И уште нешто за крај…
Плати за администрацијата немаше да има доколку не се издвојуваше од оние што работат (т.е. работеа) во реалениот сектор… Од оние што произведуваа… Токму тие преку даноци обезбедуваа плати за себе, но и за администрацијата…
И фер ли е сега на истите тие да им го свртиме грбот?
Фер ли е сите коишто мораа да ги затворат своите бизниси заради кризава да ги оставиме сега со НУЛА денари примања?
ФБ статус на Ацо Лукароски