2017 vs. 2020
► Во 2017 г. бевме светлосни години далеку од НАТО, денес сме рамноправна членка на најсилната воена алијанса во светот!
► Во 2017 г. бевме светлосни години далеку од ЕУ, денес сите членки (освен една) бараат да отпочнеме со официјалните преговори!
► Во 2017 г. немавме НИТУ ЕДЕН пријател во Европа и светот, денес светот со почит гледа кон нас… Денес дури и Грција ја имаме за пријател… Денес една Германија како лав се бори за нас… Денес и најголемата велесила САД ни дава целосна поддршка… Денес сме држава што ја доби довербата да бидеме Претседавач со ОБСЕ во 2023 г… Денес сме држава чиј премиер добива бројни пофалби и бројни меѓународни награди во светот!
Јавно те прашувам г-дине Hristijan Mickoski…
→ Што направи твојата партија за Македонија во тие 11 години додека бевте на власт?
Единствен успех ви беше тоа што со вас започна процесот на барање на гробот на Александар Македонски… Тоа што двајца Хунзи ни дојдоа во посета… Тоа што една улица ја именувавте Аминта Трети и тоа што му направивте споменик на Ќосето… И тоа што бившиот лидер во багажник избега од Македонија… Небаре патна торба е…
Вие сте колатерална штета за Македонија, г-дине Мицкоски… Секоја партија кога е во опозиција кажува што ќе направи ако дојде на власт, а вие секогаш кога сте во опозиција само кажувате што ќе поништите ако дојдете на власт…
Дури и ЕУ те посочи како извор на дезинформации и лажни вести…
Без став, без идеи, без понудено решение за било кој проблем што го има државата… И вечно ќе си бидете такви… Нема спас за вас!
ФБ статус на Ацо Лукароски