Лукароски: Дали некои станаа социјал-демократи заради остварување лична полза?

До пред 3-4 години…
→ Срам да им е на ВМРО-ДПМНЕ… Вработуваат само свои луѓе… Ја партизираа државата… Долу режим!!!
Од пред година-две…
→ Се срамам што сум СДСМ… На исто рамниште ги ставаат вмровците со нас што трчавме за партијата… Ама ќе ме бараат за избори!!!
Читам статуси од НЕКОИ мои сопартијци, социјал-демократи… И се прашувам, зошто се бореле и трчале за СДСМ? За преку партијата да градат подобра држава и да градат ‘едно општество за сите’, или станаа социјал-демократи заради остварување лична полза?
Јас за СДСМ се борев сите 11 години додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт… И откако го срушивме режимот, до ден-денес немам добиено ништо од партијата и државата… Ниту ќе барам нешто од партијата и државата…
Иако за изминативе неколку години сум остварил средби со сите државни и партиски функционери на највисоко ниво… И во Канада ми биле во посета неколку министри и други високи државни и партиски функционери…
И покрај бројните прилики, досега не сум побарал и не сум добил никаква услуга… Не сум побарал никаква функција, никакви привилегии… Не сум побарал вработување на мој близок, или било каква друга услуга… Не сум побарал помош ниту за мојот бизнис, којшто патем функционира и во МК…
И покрај тоа, со најголемо задоволство го обновив членството во СДСМ… И покрај многуте грешки и слабости, СДСМ е единствената партија којашто ја спасува државата од паѓање во провалија и којашто (ќе) се бори за подобар живот… За сите… Затоа што алтернативата е опасна… Затоа што борбата на ВМРО-ДПМНЕ, којашто е единствена реална политичка алтернатива, се сведува на кочење, блокирање, бојкотирање, сопнување, уништување… Затоа што секој успех за Македонија кај тие лажни патриоти создава нови БОЛКИ, отвара нови РАНИ…
Продолжувам со борбата… Продолжувам, помагајќи и барајќи начин да се се подобруваат состојбите во државата и во партијата… Да се корегираат слабостите во државата и во партијата… И тоа ќе го правам почитувајќи ја партиската структура и партиските форми на функционирање, а не со „плукање“ по социјални мрежи…
И ќе продолжам со таа борба… Заради ДРЖАВАТА и заради партијата… Не заради себe!
ФБ статус на Ацо Лукароски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e