Бугарите продолжуваат да покажуваат мускули, ама ќе им се врати како бумеранг тоа што го прават…
Продолжува силната поддршка за Македонија и притисокот врз Бугарија!
➳ Европскиот парламент го осуди предизборниот спот на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски со територијални претензии кон Северна Македонија и го повика бугарскиот премиер Бојко Борисов да го осуди видеото на неговиот коалиционен партнер.
➳ Американскиот Стејт департмент нотира кршење на правата на Македонците во Бугарија. Властите во Бугарија сè уште не дозволуваат регистрација на групни активности на Македонците и покрај одлуката на судот во мај минатата година и над 10 прелиминарни судски одлуки на Европскиот суд за човекови права.“
➳ Француската агенција за развој ќе го финансира и ќе го забрзува влезот на нашата земја во ЕУ. Амбасадорот Сирил Бомгартнер изјавил дека Франција сака да е поприсутна во С.Македонија и дека за таа цел потпишале договор со нашата влада (видете слика долу) кој ќе им овозможи да почнат со активностите веднаш.
ФБ статус на Ацо Лукароски