Како фукционираат лажните вести?
По кој редослед?
1. Ќе им текне на Antonio Miloshoski или Aleksandar Nikoloski некоја лажна вест… На пример, ќе напишат на фејсбук дека наместо предметот Историја, учениците отсега (почнувајќи од второ одделение) ќе учат Сексуално Воспитување…
2. Таа лажна вест во рок од 10-15 минути ќе ја објават сите курирски медиуми (вклучително и ПлусИнфо), а во рок од еден час по социјалните мрежи веќе ќе има илјадници статуси, твитови итн. Во згрозеноста од тоа што го направила власта паралелно се вклучуваат и лажните неутралци, коишто едвај чекаат да споделат таква вест… Дури и кога знаат дека е лажна…
3. На оваа лажна вест реагира власта и истата одлучно ЈА ДЕМАНТИРА, со критики за опозицијата затоа што се служи со пласирање лажни вести…
4. Само еден мал дел од медиумите ќе го објават тој демант, а НИКОЈ од оние што споделувале лажни вести по социјалните мрежи нема да си ја избрише објавата, твитот итн.
5. Власта објавува ново соопштение со коешто најавува жестока борба против лажните вести… Како алатка ја нуди ВИСТИНАТА… Ама борбата повторно ќе биде без казни, без санкции…
6. Бидејќи повторно поминале без казни и без санкции, креаторите на лажни вести се охрабруваат и измислуваат нови лажни вести…
7. Повторно истиот циклус, од 1 до 6… И така до недоглед!
ФБ статус на Сцо Лукароски