.
Владата ќе води политика на обемни буџети. Тоа е добро. Повеќе години, на овие страници, и во други форуми, лично се залагам за политики на поголем државен Буџет (со задолжување затоа што друга опција сега нема). Затоа што за да влезе во фазите на високи стапки на раст, над 5% годишно, Македонија ќе треба најнапред да создаде услови за тоа. А тоа е реалокација на инвестициите од едни сектори во други сектори кои ќе бидат мотори на тој раст. Тоа не може да се очекува да го направат компаниите преку банките сами.
Има нешто доволно моќно кај оваа Влада, што сакам да го потенцирам во денешнава колумна, а тоа е нејзината дрска храброст да отвори и „пукне„ толку суштински прашања. Не, не мислам овој пат за дрските потези во надворешната политика, особено на Балканот (Бугарија и Грција). И не мислам на темата на неделата околу, веќе очигледно, покажаната цврста решителност за расчистување на некои криминално – пучистички дејствија на сегашната опозиција од 27 април годинава. Во овој дел се си тера некако чекор по чекор. Но, како багер. Споро, но гази јако!
Овде мислам, на храбриот и одважно заземен став околу задолжувањето на земјата. Што сакам да кажам?
Разликата меѓу оваа влада и претходната на Никола Груевски е што тој агресивно се задолжуваше, но молчеше. Ако може никој да не знае и да не слушне. Тоа го правеше на нетранспарентен начин, арогантно со единствена намера да не кажува за да не го прашуваат и да не му предлагаат како да ги троши парите. Тие што не пиеја нафта и прашуваа, завршуваа како што знаеме. Не многу славно.
Видовме како ги трошеше парите!? Ја задолжи земјата, а народот на кој толку ревносно се повикува го удави во историја. Го затрупа со голи бели фино исклесани камења! Сега живееме со спомениците, и историјата, еден покрај друг. Јадеме од тоа. И се јадеме меѓу себе. Отуѓени, неразбрани, немоќни, поразени, сиромашни … Спомениците ни се се што имаме. Како што вели еден мој пријател – „народ со толку многу споменици и приказни сигурно заслужува подобра историја и георграфија„. И, пак, задолжени.
Оттука, од тоа како го составува Буџетот за 2018 година, како и од јавно прокламираната политика на задолжувања што ќе се води во наредните години, владата на Зоран Заев стави на знаење неколку важни работи.
Прво, Владата ќе продолжи да се задолжува. Тоа што го гледаме е дека таа прилично јасно го кажува тоа. Го прави транспарентно и дозволува дебата. И ако малку подлабоко се навлезе во оваа фаза овие денови, таа кажува и каде планира да ги троши парите на овој најголем во историјата Буџет (3,4 милијарди евра).
Второ, Владата на Зоран Заев признава дека долгот на државата што го остави владата на Никола Груевски е со лоша структура. Практично ќе мора да се врати агресивно, и принципиелно, како што е договарано со меѓународните кредитори и домашните банки … Но, при тоа се гледа дека Владата се заложила да се изгради нова, поквалитетна, позиција на Македонија пред меѓународните кредитори за да биде покредибилна за нови задолжувања. Најавата дека во следните години ќе треба да се задолжиме околу 2,1 милијарда евра упатува на токму тој заклучок. Добро е ова.
Второ, ќе се води политика на обемни буџети. Тоа е добро. Повеќе години, на овие страници, и во други форуми, лично се залагам за политики на поголем државен Буџет (со задолжување). Затоа што за да влезе во фазите на високи стапки на раст (над 5% годишно) на БДП (Бруто општествениот производ), Македонија ќе треба најнапред да создаде услови за тоа. А тоа е реалокација на инвестициите од едни сектори во други сектори, кои ќе бидат мотори на тој раст. Тоа не може да се очекува да го направат компаниите преку банките сами. Затоа што македонската економија не поседува силни компании, па ако сакате не поседува ни силни банки, што можат да ја пратат оваа стратешка цел. Дополнително македонските фирми во моментот се многу задолжени, квалитетно изрекетирани од претходната власт, а тоа рекетирање траеше 11 години, „исцедени„ како лимон, а основачите на тие фирми, менаџерите, па и работниците се крајно демотивирани за да продолжат да работат, … и сега лежат полумртви на површината на она што значи „економска морска повшина„ во период после цунами. Дополнителен проблем е што младите луѓе кои треба да бидат контингентот на нови претприемачи и покренувачи на бизниси, забрзано се исселуваат. И во овој момент.
Целата колумна на Љупчо Зиков објавена во Капитал прочитајте ја тука