По овие избори, политичката палета на македонскиот парламент се збогати со уште една нијанса на црното. Од црно поцрно, зад маската на црвеното. Тоа е партијата која за кратко време по своето формирање, се претвори во сушта спротивност на своето име – Левица.
Деновиве, на ФБ страницата Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ се појави видео со еден од најкрволочните говори што сум ги слушнал во современата историја. „Крв треба прска на сите страни, глави по улиците да се тркалаат. За доброто на татковината, треба да испосечеме неколку глави…“ Тие зборови ги изговара Апасиев на некој настан, додека зад него е истакнато знаме на ЕУ. И тоа не е единствен инцидент со овој контроверзен и проблематичен лик. Деновиве тој напиша и „Сите ќе ве стреламе“. Своевремено, излегоа толкувања на логото на самата партија, дека е петокрака во чие средиште е тупаница од која излегува стилизиран нож. Ако е така, дали се работи за партија на кољачи? Ако се суди по настапите на „левичарот“ во јавноста и на социјалните мрежи, нема зошто да не помислиме така.
Десничарскиот екстремизам, антисемитизмот, ултранационализмот, милитаризмот и неофашистичките идеи одамна ги гледаме како лебдат во пленарната сала на македонскиот парламент. Често се само невешто скриени зад конзервативни, демохристијански флоскули од една страна и заложбите за права и еднаквост на етничките заедници на другата страна од етничките бариери. Во принцип се исти. И токму таму е „истоста“, а не во она што некои, од крајно проблематични и деструктивни позиции, со години работат на релативизирање борба против демократијата.
Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.