Ова ни е фала – беше најсилната реакција од здравствената фела на вчерашниот протест што критичката јавност го опиша како голема срамота.
Вчерашниот протест немаше врска со отпорот против вакцините, бидејќи да беше така, немаше да има вакви редици пред пунктовите. Немаше врска ни со проблемите на угостителите, бидејќи и денес со фамозните сертификати и на високи температури се полни кафетериите. Нема врска ни со мерките, бидејќи тие во континуитет се полабави од рестрикциите во другите земји со сличен број на инфицирани. Нема врска ни со наводната дискриминација, па и смешно е да се тврди тоа, бидејќи никој не им го одзема правото да одат во самопослуга или на работа, никој не им го одзема правото на леб и на работа, туку правото да одат во кафеана, да се мешаат во толпа и да заразуваат. Протестот нема врска воопшто со мерките, туку со потребата да се предизвикуваат постојани тензии во земјата како начин да се дестаблизира актуелната власт, при што речиси е шокантно колку луѓе се подготвени да излезат зад лажна агенда, зад лажни пароли и зад лажна цел и со таков политички и самодеструктивен неморал да помогнат да победи нивната опција. И да бидат топовско месо за партиите што ги организираат, бидејќи на ваква тема не можат да се самоорганизираат вака масовно, без оглед колку корен фатија теориите за заговор во општеството.
Уште поналудничаво е што во истото соопштение ВМРО-ДПМНЕ, која јасно застана зад протестите и ги поддржува, го плука и наводното немање мерки за корона кризата, и главната мерка што треба да го мотивира натамошното вакцинирање.
Целата колумна на Слободанка Јовановска за Независен на следниов ЛИНК.