Лазаревска за Јанева: Тие што требаше да ги притвора и затвара, тие ја притворија и ќе ја затворат

Да не заборавиме дека Ката беше избрана со консензус на СИТЕ ПАРТИИ ВО ПАРЛАМЕНТОТ!!!

На неа и беа дадени ГОЛЕМИ ИНГЕРЕНЦИИ според посебен закон за СЈО.
СЈО беше независно тело кое беше посебен орган за справување со криминалот кој произлезе од материјалите на незаконски прислушуваните разговори.

И наместо да искористи непартиски да се воздигне делејќи правда таа им се придружи на дел од криминалците кои требаше да ги гони. Тие што требаше да ги притвора и затвара, тие ја притворија и ќе ја затворат.

Убаво рекол нашиот мудар народ:
,, Кој со ЃАВОЛОТ тикви сади, од глава си ги чука… “.

Добро е тоа што брзо излезе на виделина и што ќе има разврска и добро е што во тој занес и верба во СЈО сите се разбудиме од сонот за ЧАРЛИЕВИТЕ АНГЕЛИ спасители на државата, добро што почнуваме СЈО да не го идентификуваме со личност …мислам дека ова е и дното но и новата надеж за нашето судство.

Ќе не биде, МОРА да има крај на криминалното поврзување на судиите и обвинителите со криминалците.
СИТЕ знаевме како се бирани студии, обвинителите, СИТЕ слушнавме за тевтерчето на Гоца. Сите знаевме за што е создадено СЈО и СИТЕ очекуваме тоа да биде коректор на поткупливото судство…и се случи тоа што се случи НО ВАЖНО Е СЕ ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА, ИЗЛЕЗЕ ДЕКА во оваа наша држава правосудниот систем е ПРИМАРНИОТ КАНЦЕР на забленото наше општество. СЕГА треба да се делува и со јаки лекарства-чистки, и со превентива , и чистење по природен пат, КОМБИНИРАНО со сите можни средства да се исчисти еднаш за секогаш , без одлагање нашиот правосуден систем.

Ако е за аир ДОСТА Е!

Само со неселективна правда можеме да градиме европски вредности, европско општество и европска држава.
Влогот е голем и не смееме да се луксузираме , да фаќаме кривини , туку стрикно со локомотивата да ги движиме вагоните по шините на патот кон ЕУ и НАТО!

Фејсбук статус на Жаклина Лазаревска, пратеник од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e