Кусогледоста или алчноста, а можеби и двете, скапо ги чинеше

Сабота. Пет дена пред Крвавиот четврток. Бев кај Бади у Рокси клубот. Само што влегов ми пристапи Бетмен. Имаше некоја потреба за муабет, иако не се знаевме. Го прашав дали е свесен дека поттикнува насилства со своите настапи и дека ако падне само капка крв, еден ден ќе нафрка и ќе оди во затвор.
Почна да збори дека нема шанси да падне крв, дека сите се знајме, дека сме роднини, дека Македонија му е најважна… Бла, бла бла…
Му реков: Не знам колку пари ти дава Груевски да го браниш и дали воопшто ти дава, но во двата случаи, набрзо ќе се покаеш, ако веднаш не се тргнеш од него и оној Борис режисерот…
Ме гледаше без збор, а после се тргна од мене со опрадување дека брат му е сам на шанк.
Потоа се случи Крвавиот четврток. Сигурно му текнало на она што му го кажав, а особено му текнало денес.
Не е ова ситење со неговата мака, ниту пак со онаа на Дурловски и на Владо Јовановски, зашто не им требаше таа авантура да се ставаат во одбрана на еден психопат кој владееше повеќе од деценија само со лаги и манипулации. Кусогледоста или алчноста, а можеби и двете, скапо ги чинеше.

Сашо Тасевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e