Екс советничката во град Скопје, Софија Куновска со критики за новиот закон за пушење. Вели дека власта си удира со свој камен по глава.
„Нема да помине многу време кога на властите ќе им стане јасно дека со свој камен по своја глава удираат.
На веќе објавен ригорозен закон за заштита од пушењето цвикаат и попуштаат на првиот мал притисок.
Епа кога ќе ве научат дека цвикате и цивкате да знаете дека тоа е вовед во фаза дека никој нема да ве есапи за озбилно“, пишува таа.
