Фејсбук е преплавен со реакции за вакцинирањето и имам потреба и јавно да кажам нешто на темата. Се сметам себе си за либерален човек. Сoцијалист, идеалист, па и утопист, вечен ентузијаст, непоправлив сонувач за праведен свет за сите, со верба во добрината и човечноста кај секого. Со љубов и разбирање кон сите. Без предрасуди. Солидарна. Најсреќна во колективните победи. Не знам дали е предвидено во учебниците сето ова да го има во еден човек, ама знам од лично искуство дека е можно.
Но, сега сакам ова да го кажам, а сметам дека имам полно право на тоа. Иако и самата не скокав од радост кога требаше да ме боцнат против Ковид и дека е далеку од пријатно да ти вбризгаат хемија во телото во ек на пандемија, но ниту за миг не размислував дали треба да се пријавам, па меѓу првите ја искористив можноста да се вакцинирам во Србија. Заедно со сите мои најблиски. Сметав и сметам дека ако тоа е во моментов единственото решение и значи влог во општото добро, а не егоистично штитење само на својот ***, нема дилеми дека е тоа единствената исправна одлука. На страна тие што навистина не смеат да го поднесат тој ризик. Токму и заради нив треба ние да се вакцинираме и така да ги заштитиме кревките. Не ве убедувам ниту вас што не сакате да се вакцинирате, но бидете подготвени, ако ние ја плаќаме цената на ризикот од вакцинирањето, тогаш и вие да ја платите цената на самувањето. Немојте тогаш да барате да се движите во маса и да ги барате вашите права за слобода. Придонесете и вие кон подобрување на глобалната состојба со изолација. Јас вака сум воспитувана и горда сум на моето домашно воспитание и формално образование. И оттука, двојно повеќе вчудоневидена од себичноста на многу луѓе.
П.С. И ве молам, не го доживувајте овој мој статус како некакво убедување во исправноста на мојот став, туку само како разочараност од себичлукот на човекот на 21 век. А со вакво отсуство на чувство за колективност, сите сме заедно во пропаста.
ФБ статус на Бранка Костиќ Марковиќ