Костиќ Марковиќ: 4-те милиони евра итна помош за здравството ги заборавате, ама ќебињава ви се симпатични за мајтап

Добро, стварно овие што се потсмеваат со паролата „Ќебе за тебе“ мислат дека се финтаџии и големи фраери? Па, мизерни сте бре, што толку ви се испомешале брзините, што ниту паметите, ниту сакате да паметите, зашто така ви чини, кога ви чини.
Да не почнам да бројам колку пари сте земале досега од европски проекти за концерти, изложби, перформанси, фестивали, помош од амбасади, странски држави, колку настани сте проследиле зашто некој помогнал тоа да се случи, колку проекти се одвивале и сѐ уште се одвиваат на универзитетите, колку стипендии, студиски престои и професионални усовршувања се поддржани.
Никој не бара никому да се поклонувате, ама елементарното домашно воспитание (ако го имате) вели дека треба макар да кажете едно благодарам, кога некој нешто ви дава. 4 милионите евра итна помош за здравството од пред неколку недели ги заборавате, ама ќебињава ви се симпатични за мајтап. Баш ми се лоши. Ај смислете други финти за да бидете поинтересни.
ФБ статус на Бранка Костиќ Марковиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e