Христијан Мицкоски дволично повикува граѓаните да летуваат и викендуваат во државата.
Само би се надоврзал, посетете го Пехчево, местото Равна река и Берово горе кај Клепалска река, каде што се позиционирани хидроцентралите на Мицкоски во вредност од 3.5 милиони евра, да видите колку Мицкоски се грижи за животната средина и за потенцијалот на туризмот во нашата држава.
Наместо да седнете до река ќе седнете до суво корито без вода, оти Христијан треба да профитира, ќе сретнете растурени, ископани патишта, оти цевката за хидроцентралите морала да го помине патот.
Доколку имаше грам доблест и чувство за државност со сигурност немаше да ја уништува животната средина и да го урниса потенцијалот за туризам низ нашите преубави планини.
Освен дволичност, ароганција, лаги и манипулации од Мицкоски не слушнавме и веројатно нема да слушнеме ништо повеќе!
ФБ статус на Костадин Костадинов