Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ преку кандидатката за пратеник од Струмица дополнително ја подгрева и така вшештената ситуација

Си реков денес ќе биде ден без политика, денот кога ќе ги оставиме верниците Муслимани, но и Православните Христијани да стивнат од политички препукувања.

Но верувајте со вмро-дпмне тоа не е можно.
Кога луѓе разочарани од внатрешното лудило во нивната партија ми јавија дека кандидатката за пратеник ќе има изјава, си реков супер, ќе се издигнат конечно над партиската матрица на национализмот и ќе честитат Рамазан Бајрам и св.Кирил и Методиј, но сведоци сме дека тоа не се случи.

Покрај сите хајки, покрај сите малтретирања на младите волонтери кои помагаат во овие тешки моменти, на оние на кои им е најпотребно, вмро-дпмне сега преку кандидатката за пратеник од Струмица, дополнително ја подгрева и така вшештената ситуација.

Иако на сите им е јасно, сепак јас сум должен да прашам уште еднаш.
Зошто како кандидатка за пратеник, не се вклучи во хуманитарната акција, доколку не сака да донира, можела кандидатката на вмро-дпмне да се вклучи и да волонтира?

Но јасно е, не им е до луѓето до парите им е.

Кога сме веќе кај институциите еве и јас апелирам, слободно нека се истера работата до крај, за да конечно и на вас ви се докаже дека освен помош на нашите сограѓани друго нема ништо.

Се надевам откако ќе завршат со овој случај, институциите ќе се позанимаваат и со потеклото на имотот на кандидатката за пратеник од редовите на вмро-дпмне.

Е тек тогаш на сите ќе ни стане јасно, кој навистина се грижи за граѓаните, а кој за сопствениот џеб.

До тогаш, јас ќе ја запознавам јавноста со имотите кои не се баш за потценување, а за кои не сум сигурен дека кандидатката има покритие.

Се извинувам на сите мои сограѓани, што и на овој ден, мораат да ги следат дневно политичките препукувања…

ФБ статус на Костадин Костадинов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e