Костадинов: Се приклучувам на проектот на Владо Илиевски, за силна, вистинска кошарка во Струмица

Во оваа здравствена, економска, хуманитарна криза сите сме ставени во функција на превенција и справување со ситуацијата, ве уверувам дека доколку сите бидеме на висина на задачата, ги почитуваме мерките и препораките на владата ќе излеземе како победници, истакна на Фејсбук портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„На моја, а сметам и на ваша голема радост, не можам а да не ја споделам веста дека синоќа разговаравме со легендата на македонската кошарка Владо Илиевски, во однос на враќањето на кошарката во Струмица на голема врата.

Се приклучувам на проектот на Владо Илиевски, за силна, вистинска кошарка во Струмица !

Како членови на раководството сме согласни дека носител на целиот овој проект ќе биде Владо, процесот на враќањето на КК Струмица можеби ќе биде побавен од вообиаено, но ве уверувам дека ќе биде сигурен.

Сакаме наши деца, таленти на Струмица да бидат практично носители на тимот, секако за тоа е потребно многу време и енергија и сериозни вложувања, но ќе успееме!

Очекувам дека ќе има добри таленти, убеден сум дека струмичани ќе уживаат во кошарката и секако дека нашите навивачи Ајдуци ќе го потврдат уште еднаш како многу пати своето долгогодишно постоење и дејствување.

Бидете добри, седете дома, чувајте се, оваа криза тргнала и ќе заврши.

Имајте трпение и верувајте дека Струмица ќе го потврди епитетот на спортски град и град расадник за таленти!“, истакна Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e