Костадинов: Мицкоски нема да биде фактор на одлучување, тие нека си се расправаат за криминалот и нека си се тепаат за превласт, ние имаме држава за водење

Не смее да се дозволи еден режимски профитер, пропаднат спортист и крајно неодговорен “политичар” да ја турка државата и граѓаните во здравствена, економска, политичка криза…, истакна портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Избори ни се неопходни заради здравјето, избори ни се потребни и за економијата, но и за демократијата.

Мицкоски не може и нема да биде фактор на одлучување.

Паниката и стравот од избори е до плафон, промена на шефот на изборниот штаб, обидот за превласт од ликови на раководството на дпмне и слични дешавалки не може да бидат проблем на граѓаните.

Тие нека си се расправаат за криминалот и нека си се тепаат за превласт, ние имаме држава за водење!“, посочи Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e