Костадинов: Колку и да е тешко државата е тука за земјоделците за разлика како тоа беше додека владееше вмро дпмне

Кога ветуваме исполнуваме!
Знаеме за маката на земјоделците, знам колку е тешко од плодната нива да стигне до трпезата, за жал имаме и такви на кои дури и за време на криза приоритет им е профитот макар тоа било на грбот на земјоделецот, истакна на Фејсбук портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Колку и да е тешко државата е тука за вас за разлика како што тоа беше додека владееше вмро дпмне.

#МЗШВ во координација со земјоделците подготви предлог за #ИнтервентнаМерка за покривање на загубите на производителите на зелка!

Интервентната мерка ќе биде за продадена зелка во периодот од 1-ви април до 30-ти април 2020 година, а заради стабилизирање на пазарот со зелка каде што во месец април поради вонредната состојба предизвикана од коронавирусот дојде до дестабилизација на пазарот и големо намалување на побарувачката и на откупната цена“, посочи Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e