Костадинов: Каков е тој професионален ангажман во 22 часот, заради кој Димче имал дозвола или вмро-дпмне дели дозволи на своите функционери за да можат да се шетаат

Димче од вмро-дпмне реагирал со статус, истакна портпаролот на СДСМ, Коста Костадинов.
„Одговорот е идентичен како оној на неговиот учител, Мицкоски.

Во стилот, на Силвана Бонева, не сам знајала!
Во еден момент Димче вели, поседував соодветна дозвола за движење во време на полициски час, заради професионален ангажман.

Неколку прашања отвора трагикомичниот статус на колегата од дпмне.

Кој му ја издал дозволата?
Дали можеби вмро-дпмне, ако е така можеби вмро-дпмне делат дозволи на сите свои функционери, за да можат да си се шетаат каде ќе посакаат, додека огромен број на граѓани седат дома?

Каков е тој професионален ангажман во 22 часот?
Со кој се сретнал, состанок ли имале, дали и луѓето со кои Димче се сретнал поседувале дозволи или по принципот на дпмне, ги прекршиле мерките, препораките и протоколите.

Ова е почитувани граѓани, вмро дпмне.
Лаги, манипулации, неодговорност која мора да биде казнета!“, посочи Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e