Костадинов: Дали кандидатката за пратеничка на вмро-дпмне ќе излезе на прес конференција и ќе си ја обвини сопствената партија за изборен поткуп?

Се прашувам, дали кандидатката за пратеничка на вмро-дпмне ќе излезе на прес конференција и ќе си ја обвини сопствената партија за изборен поткуп?, истакна Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ.

„Дали Наќе Чулев ќе ги малтретира членовите на вмро-дпмне кои донирале прехрамбени продукти.

За разлика од вас, во Струмица тоа го прави невладина организација и покрај се, волонтерите се малтретирани држени во полициски станици…

Ова се на дело двојните аршини на дпмне!

По сите активности кои ги превзема Чулев и дпмне, не можам а да не предвидам дека не очекува тежок период, малтретирање на луѓе, влечење за уво на гласање како што тоа го правеше Гордана Јанкуловска за време на режимот.

Една работа нека ви биде сосема јасна.
Тоа во Струмица нема да ви помине, немојте да се дрзнете да чепкате по градот симбол за слобода, демократија, еднаквост и правичност!

Ќе ве победиме силно, а потоа ќе има одговорност за малтретирањето на нашите сограѓани.

Струмичани знаат кој мисли на народот, а кој само за сопствениот џеб и имот, како што тоа го прави кандидатката за пратеничка од редовите на најкриминалната организација вмро-дпмне!“, потенцира Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e