Корона вирусот и македонската дипломатија

Во време на криза како оваа со корона вирусот покрај тоа што сфаќаме дека едни без други не можеме треба да сфатиме дека како држава не можеме да живееме во изолација и мора да градиме мостови.

Оваа криза веќе покажува колку е добро да гаеме добри надворешни и дипломатски односи. Илустрација на ова е поддршката од Кина, соработката со Словенија и Хрватска за пренос на заглавените камионџии, а во блиска иднина очекувам да ги видиме бенефитите и од земјите од ЕУ и нашите соседи во заедничкото справување со оваа криза. Во време на вакви кризи најмногу доаѓа до израз потребата од помош и соработка со посилни држави и систем од нашиот.

Доаѓа до израз и колку е погрешна политиката на изолација која се практикуваше неколку години и не само што Македонија се изолира целосно, туку и создаде непријателства кои во криза со корона вирусот нема воопшто да ни’ бидат од корист. Оваа криза покажува дека во голема мера вредела жртвата што сме ја презеле, на пример со Договорот од Преспа, и дека не можеме да живееме од корени. Никој не го релативизира државното име, идентитетот и сите други историски аспекти од нашето живеење, но нашиот опстанок и нашата економска благосостојба зависат не само од нас, туку и од другите фактори во ова глобално село. Сфатете еднаш дека изолирни ќе останеме сами без никој за да му се пофалиме или пожалиме.

Така што, оваа криза покрај тоа што верувам дека ќе не направи подобри луѓе, ќе го научиме системот на заедништво и дека и покрај меѓусебните лоши зборови, неубави работи кои сме ги нанеле едни на други ќе мора да бидеме солидарни и да го пребродиме ова заедно со нашите соседи и стратешки партнери.

Сотир Габелоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e