Конечно и ние да станеме север!

Ви пренесуваме дел од најнoвата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа:

-За што ли ќе се зборува во македонската политика по – ај малку да дувнеме на јогурт – евентуалното решавање на проблемот со името?! Телевизиите ќе останат без половина дебатна програма, вестите ќе им траат по 11 минути дневно, третина колумнисти ќе треба да се пензионираат, половина МНР да се отпушти, политичарите ќе се шуткаат на митингашките бини и нема да знаат како да го пополнат времето за говори, а кинескиот увоз на национални знамиња ќе секне, што ќе се одрази на тамошната текстилна индустрија и на светскиот економски раст, воопшто. Во ЕУ ќе отпуштат четвртина вработени од секторот Западен Балкан, а странските делегации во посета на Македонија ќе фатат да пијат по службените ручеци и вечери, опуштени затоа што веќе ќе немаат за што наводно важно да разговараат со своите домаќини. Хан ќе стане наркоман, од очај.

Замислете, знам дека звучи тотално неверојатно, но дури и Метју Нимиц ќе замине во пензија. Ако го примат, на негова возраст.

Ќе има нешто сечење патриотски вени заради новото име, за очекување е и помасовна македонска национална резигнација и повици на фејсбук за распнување на предавниците. А ќе има и нешто вицеви на сопствена национална сметка, за челичење на духот. Впрочем, после долги децении југ, конечно и ние да станеме север, на нешто. Е-хеееј, како ли звучи на грчки што-јужније-то-тужније!? Душа ќе им вадиме, не знаат што ги чека!

Ќе поминат во тој стил две-три недели, пред да падне командата за масовна окупација на плажите во Грција. Оти името е важно, ама гирото е најубаво кога се јаде топло, а узото кога се пие студено.

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e