Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Ордановски за ЦивилМедиа:
-Како што е познато, денеска во светот постојат 193 земји, членки на Обединетите Нации, и уште 30-40 – меѓу кои Тајван, Ватикан, Косово, Палестина и разно-разни острови и други територии кои за себе тврдат дека се одредени ентитети со некаков државен суверенитет – кои тоа не се. Толку. А се зборуваат – според чичко Гугл – над 6.900 јазици коишто, дури и ако ги преполовите заради меѓусебните блискости и крос-референтности, даваат бројка од некои 3.500 дистинктивни етнички групи, дефинирани според јазиците што ги говорат.
Зборот ми е, илјадници етницитети немаат свои суверени државни творби, како и да се дефинирале тие општествени организации низ историјата на светот. Некои ги имале, па ги загубиле, други со векови се борат да ги стекнат, а никако, ни денес, да дојдат до тоа. И сето тоа како резултат на одлуки и околности коишто го менувале текот на поединечните државни судбини. Што би рекла познатата историчарка Латинка Перовиќ, цивилизираната историја би можела да се интерпретира и како „гробница на држави“, еден долг список од пропаднати империи, кралства, кнежевства и редефинирани државни целини.
Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.