Ова значи класични студии и филозофија, првите катедри и темелот на кој е изграден УКИМ пред сто и нешто години – со закон ќе се укинат. Како да е пазар, фирмите не носат приход – укини ги (со закон). Универзитет без филозофија и класика и физика и математика (и тие се со по 2-3) не е универзитет. Националниот, државниот универзитет се укинува како традиција и историја. Последниот чекан на ковчегот. Нема национална телевизија туку евтини турски и јужноамерикански теленовели, од издаваштво – независното живурка, и сега ова. Не “Северна” пред името, не “Бугари во Устав”, ваквите политики го бришат живиот, вистински идентитет. Ако, како во 90ти па до почеток на 2000, имаме продукција на тв и филм и музика (не турбофолк), ако имаме академска историја, не’ има, а ако не – не. Кога апаратчици од администрација советуваат за државни политики – добиваш ова. И што ви е овој импулс нонстоп нешто да оневозможувате место да овозможувате. Пиши му крст на земјичево.
ФБ став на Катерина Колозова
