Бугарското вето се состои од следново, што денес Захариева го повтори: Бугарија не се согласува со преговарачката рамка онака како што беше зацртана од страна на ЕУ во Јуни, односно бара нејзино *ревидирање* кадешто ќе се внесе прашањето на имплементација на Договорот како еден од параметрите на пристапување. Со други зборови, ова воопшто не ни беше битка меѓу нас и Бугарија, туку меѓу Бугарија и остатокот на ЕУ. Ние и немаше кој знае што и како да направиме. Опстојувањето на чистата рамка (без адендумот предлаган од Бугарија) од страна на остатокот на ЕУ е застанување на македонска страна, односно на страна на европските принципи. Затоа, секое обвинување дека ЕУ си ги погазила принципите е неточно и нефер. Кога ќе видиш, испаѓа дека ЕУ застана на наша страна, односно опстана на своите принципи – не го прифати адендумот на преговарачката рамка предложен од Бугарија. Затоа, доста со клетви кон ЕУ. Секако, критики се потребни – заглавени во технократија, ЕУ губат на теренот на сопствените реал-политички, односно безбедносни интереси.
ФБ статус на Катерина Колозова