Којиќ: Не сме зрели за практикување на демократските права, зашто тие не подразбираат само права, туку и одговорност

Цел ден врескот по социјалниве мрежи околу меркиве. И сите одеднаш Швегјани… И сите кажуваат како е во развиените земји. Е па вака:

Во развиените држави, луѓето имаат “развиени” мозоци и уши, и слушаат препораки и не ги прекршуваат: не дремат по паркчиња у чопори од по 10, не идат скрично на гости.. И не глуматаат најголеми експерти за се.

Во развиените земји луѓето имаат висока свест и совест. Во развиените земји луѓето се вистински паметни. Нема потреба да се прават паметни. Тука е тајната. Не им требаат забрани. Почитуваат препораки. Шведска, што нашиве “борци за демократски прва на луфтирање” не ја “вадат од уста”, како еталон за демократски права, на пример, нема задолжителна вакцинација, а има највисок опфат со вакцинација -96%.

За разлика од нас, каде што “експертскиот конзилиум на камиказе- ФБ-мудреците” си ги масакрираше лани сопствените деца и предизвика епидемија на морбили, во која имаше и жртви.

Има народи кои едноставно не се зрели за демократија. Од тие незрелите има два типа: Едните се просто нецивилизирани, а другиве се лигави ,разгалени, недисциплинирани и себични.

Вториве се нецивилизирано прости. За жал, ние сме “непораснати” и очигледно не сме зрели за практикување на демократските права, зашто тие не подразбираат само права, туку и одговорност.

Кај нас одговорноста е ретка птица. Луѓево само бараат-не даваат. Е па затоа за “бушмани” и примитивни племиња како нас (без навредливи чувства кон Бусхманите)-кои со скромниот број на мали сиви клетки се однесуваат во стилот “ти-на-мене-ќе-ми-кажеш” и “докторите-везе-немаат” мора вака. Па “затвор” ќе окркаме и ние, што ги почитуваме мерките и никогаш не сме ги прекршиле, заедно со бушманите, и оние другите.

ФБ статус на Лилјана Којиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e