Кој и зошто објави лажна вест за кражба на моторна пила од австриските пожарникари во Малешевијата?

Лажна вест дека на пожарникари од Австрија кои помагаат со гаснење на пожарите во Малешевијата им е украдена моторна пила, вчера почна вирално да се шири на социјалните мрежи и од портали. Денес, директорот на Центарот за управување со кризи, Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување, а и пожарникарите директно ја демантираа оваа лага. Извинување и дилеми за вистинитоста објавија и двајца корисници на Твитер и Фејсбук, коишто меѓу првите вчера ја објавија оваа лажна вест. Кој и зошто објавува и шири вакви невистини?

Првите „гласници“

Веројатно прв објавувач на лажната вест за украдена пила од австриските пожарникари е Твитер профилот „Канадиан којоте“.

„Значи, каква проклетија! Дојдоа луѓе  од Австрија, 1200 км да помагат да гасат пожари со апсолутно секаква механизација и на крај да дојдат овде и да им ја украдат моторната пила! Пи пи.ка ви матер проклета!“, пишува во Твитот објавен на 10 август 2021 во нешто пред 20 часот. Оваа објава има над 100 ретвита и преку 400 допаѓања.

Објавата веќе не може да се види на Фејсбук профилот на Петровски, ниту пак на нeговата Фејсбук страница. Наместо тоа, на неговиот профил на Фејсбук има извинување за погрешно пренесена вест.

Целиот текст прочитајте го на ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e