После 16 години на чело на Германија (од 2005 година, при тоа, во четири последователни мандати, и прва канцеларка во историјата на државата), после 18 година на чело на Христијанско-демократската унија (од 2000-2018 година), Ангела Меркел годинава заминува од активната германска политика. Кога пред нешто повеќе од две години се простуваше од своите сопартијци на нивниот тогашен партиски конгрес, аплаузот со кои партиските колеги ја испратија од лидерското место траеше десетина минути, иако Меркел се обиде од бината таа поздравна салва, со видна нелагодност, неколку пати да ја прекине… Според новинските извештаи, многу Германци во истиот момент излегле на своите балкони, тераси и прозорци, придружувајќи се на долгото ракоплескање!
На крајот од минатата година, пак, во едно истражување спроведено на примерок од полнолетни граѓани во 14 европски земји, Меркел суверено го освои првото место во конкуренција со бројни европски и светски колеги, со доверба кај испитаниците од неверојатни 75%.
На сите светски листи на влијание, наназад којзнае колку години, Меркел – доктор на науки од областа на квантната хемија, а покрај германски, говори и руски и англиски јазик – е на самиот врв, мерено и меѓу жените и меѓу мажите. Скромна, цврста, автентична, речиси без суета. Глобална фигура на надеж.
Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.