Кој ќе ја запре иднината на Македонија?

Ви пренесуваме дел од колумната на Ерол Ризаов за „Независен“:

-Кревка и сиромашна Македонија, помалобројна од еден париски кварт, повторно стаса пред ‘Ртот Добра Надеж, кај што се спојуваат Атлантикот и Индискиот Океан. Прогнозата е дека ќе има голема бура, ама бродот на надежта и покрај оштетувања нема да пропадне. Капетаните, решавајќи свои интереси, каприци и инаети, поправајќи паднати рејтинзи, како главно мени нарачаа „мацедонише цуштенде“, замрсени македонски состојби. Ако не ги одмрсат, бродот ќе се насука на подводни карпи. Главниот готвач, Вујко Сем, вели дека до тоа нема да дојде бидејќи за десерт ќе се служи македонска овошна салата со егзотични плодови од непознато потекло, без оглед дали ја има во менито и дали е нарачана, таа секако ќе биде послужена.

Што мислите – дали може Македонија да остане со прстот во уста и да извиси по сѐ што направи и кој ќе биде тој силен јунак што ќе ја запре иднината на Македонија и на два милиони граѓани да стане членка на НАТО и во догледно време на ЕУ. Постои ли таква изгледна опасност. Дали е тоа заканата на претседателот на Франција, Емануел Макрон, или на Русија и Владимир Путин. Или, можеби, многу поопасни се локалните опозициски политички лидери Кирјакос Мицотакис и Ѓорге Иванов, кој кога спие ја извршува и функцијата претседател на државата. Или, пак, најголема опасност е кај актуелната власт на Македонија, која не знае како се спроведува кампања за историски најзначаен референдум.

Најчесто прозваниот, Емануел Макрон, е на нишан на сите светски влијателни медиуми дека со својот став да се одложи почнувањето на преговори со Македонија за членство во ЕУ уништува сѐ што беше разумно во изминатите неколку месеци при решавање на 27-годишниот наметнат спор меѓу Грција и Македонија. Просто е несфатливо, не само за нашите емотивни поимања на политиките од позиција на сила и од интереси, овој пат и од сите други големи членки на ЕУ и на Америка, кои во промените во Македонија, по падот на режимот на Груевски и по договорите за добрососедство со Бугарија и со прифаќањето на мачниот и тежок компромис меѓу Атина и Скопје за изнаоѓање заемно прифатливо и одржливо решение, гледаат голем напредок. За разлика од нив, Франција, колепката на револуцијата за самоопределување и самоименување на народите, е на добар пат да ја уништи макотрпната работа и да ја казни Македонија и целиот регион со дестабилизација и криза што може да ги предизвика одложувањето на преговорите. Познавачите на пригодите велат дека Макрон бара поводи да ја поправи својата подредена улога во ЕУ во однос на Германија, што не е прифатливо како силен адут дека стопирањето на Македонија може пресудно да помогне во тоа. Сомнежите одат дотаму дека е во прашање француско–руска врска, која не се одржува само на ниво на подземјето, туку и во политиката, иако изгледа неверојатно, бидејќи Франција јавно е многу гласна во осудата на руските Путинови политики.

Целата колумна на „Независен“ на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e