Во пренесуваме дел од најновата колумна на Биљана Секуловска за „Нова ТВ“:
-Се разбира дека нема да се противиме на амнестијата, онаа амнестија која ја бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, затоа што криминалот на неговата братија мора да преживее, а и зошто да не се гледа на таа перспектива благонаклоно?
Ако им подариме амнестија, секако дека земјата нема да не голтне, цвеќињата нема да се повлечат во сопствените издлабени ровови, животните нема да извршат опсада врз сопствените фарми, ниту еден споменик нема во знак од протест сам да се сруши. Пропаста сама ќе се поклони и ќе не опслужи, без големи фанфари и пренемагања ќе ја отсвири нашата лебедова песна.
Се ќе остане исто како некогаш, тркалото ќе не сврти повторно под чизмата на Груевски ако амнестијата им ја подариме сите заедно, конечно со нив ни се насмевнува перспективна криминална иднина, наспроти ова шизофрено лудило со ЕУ и НАТО демократските вредности, каде се инсистира на ред, поредок, правда, правичност, владеење на право, слободи, апстрактни поими кои никој и не ги разбира воопшто, додека криминалите секако дека е лесно да се разберат, премолчат и охрабрат- во земја како што е оваа.
Таа демократија е целосно дисторзична слика на она што досега го нудевме со владеењето на Груевски, сега и со Мицковски, каде благосостојбата се подразбираше за раководството, а сите останати со наведнати глави, скрушено, подгрбавено одработуваа, за да не завршат како она малцинство што скапуваше по затвори, по улици на протести. Тоа и не беше некој живот, нели Шарени?
Колумната во целост прочитајте ја на следниот ЛИНК.