Кога загадувањето е како земјотрес

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Ордановски за ЦивилМедиа:

-Можеби е дојдено време и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да ЗАЧЕПАТ со своите секојдневни партиски препукувања за загаденоста на воздухот во Скопје и Македонија!

Доста веќе од тој мизерен пинг-понг со соопштенија и надмудрувања кој е повеќе виновен за ова масовно труење, граѓаните се чувствуваат како некој секој ден само да им дотура сол на таа отворена рана.
Може ли, за промена, да направат едно меѓупартиско тело, макар во Скопје, во Советот на Градот, на пример, со учество на експерти и граѓански организации, каде ЗАЕДНО ќе се занимаваат со барање решенија за овој проблем, без да се обидуваат да прават политички поени на маката на сите?

Нема кому не му е јасно дека се работи за проблем од национално значење, бидејќи се трујат сите, без разлика на партиските определби или симпатии. Проблемот има размери на прашање од национална безбедност, бидејќи последиците се масовни и трагични.

Дополнително, проблемот не може да се реши со палијативни мерки, со трикчиња за односи со јавност, со „сечење на свиоци“, а ниту за една недела, ни за една сезона, можеби не и за еден градоначалнички мандат! Заборавете на партиските дресови, обидете се да ја фатите топката!

колумната на Сашо Ордановски во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e