Кога правото ќе ја сретне правдината

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа.

-Прилично е, најблаго речено, нелогична и плитка, во правна, морална и политичка смисла, тезата на бранителите во процесите на СЈО дека функционери во владата на Груевски, бидејќи седеле во највисокото раководство на државата, не можеле истовремено да функционираат и како врвна власт и како организирана криминална група (или банда, како што во јавноста, без почит за пресумпцијата на невиност, повеќе се милува да се ословува ова некогашно државно-партиско раководство). Тоа било нелогично, неспоиво. Велат тие.

Е, зошто да не може?! Баш напротив: фактот што биле врвно раководство во државата им овозможил и значително им олеснил, од позиција на (апсолутна) власт да функционираат како организирана криминална група за, на пример, местење и крадење избори (во, најмалку, два наврати, во 2011 и 2014 г.). Што е тука спорно? Не само што не е неспоиво, туку се чини баш згодно споиво.

Ова ми звучи како оној легендарен аргумент на делови од истата одбрана дека СЈО, бидејќи се финансира од Буџетот на државата, не може да застапува случаи на криминал направени врз Буџетот, бидејќи и самите се „оштетена странка“ во спорот, па не можат да бидат објективни?!

Колумната во целост можете да ја прочитате на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e