Клиенти со идентитет

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Горан Михајловски за СДК:

-И ако веќе вмровците нè пребројуваат на патриоти и предавници и се закануваат со братоубиствена војна, тогаш во веселата математика нека ги избројат и кукавиците како нивниот лидер.
Зарем навистина уште мислите дека можете да сметате на совеста и демократското изјаснување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, за изгласување на амандманите на Уставот што ќе ја отворат перспективата на државата кон ЕУ и НАТО? Па и пријателите од ЕУ и НАТО, што се скршија од работа да ни помогнат да нè протнат некако во нивното друштво, уште ги држи ентузијазмот дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се издигнат над партискиот интерес и ќе обезбедат двотретинско мнозинство за усвојување на амандманите.

Мора да сте многу оптимисти ако навистина се повикувате на свеста и совеста на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Каква совест, каква демократија во партија каде што моралот одамна е избеган? Па тие не се ставени да бидат пратеници за да мислат со своја глава. Си знаат тие многу добро зошто биле ставени на пратеничките листи. И како биле ставени.

На каква свест и совест апелирате кај луѓе што потпишувале меници за да докажат лојалност кон партијата? Кога нивната партија немала доверба кон нив, зарем ние сега треба да имаме?

2 За каква демократија зборувате, за каква дебата, за каков разум кога кај некои од нив убиствата и заканите им се домашно воспитување? Пратеникот Антонијо Милошоски раскажува вицови дека баба му се заканувала дека ќе му ја скине главата. Многу вицкаст тој Антонио. Па пред две недели на суд беа пуштени снимки, од кои се слушна каков монструозен план тој имаше смислено за да му наместат фалсификувани лични карти на политички противник за да го пикнат в затвор. Пред тоа, сите слушавме како нарачуваше лустрација на судија.

И ние сега треба на неговите вицови да се смееме?

Пратеникот Илија Димовски во 21 век раскажува дека левицата и десницата ќе влезеле во братоубиствена војна како пред 100 години. Одма глави да летаат.

Додуша, што е за право, ова злосторничко друштво што го злоупотребува името ВМРО и на 24 декември 2012 и на 27 април 2017 година докажа дека се кадарни и да убиваат. И во 21 век.

3 Па уште и оној Христијан Мицкоски кој немаше храброст јавно да повика да се гласа „против“ на референдумот за името, сега треска глупости дека 1.200.000 се изјасниле „против“. Не бре. Само 37.700 биле „против“. И тие луѓе, за разлика од него не биле кукавици. Имале став. Не биле кукавици ни оние 19.221 кои направиле неважечки ливчиња. „За“ гласале 609.813 граѓани.

Не е Мицкоски глупав за да не знае дека во демократијата важат само гласовите на тие што излегле да гласаат и што може да се пребројат. И ако веќе нè пребројуваат на „патриоти“ и „предавници“, тогаш во веселата математика нека ги избројат и кукавиците како него.

Околу Македонија и Грција, НАТО и Русија водат игри како во времето на Студената војна. Од опозицијата пријателите од Западот очекуваат да покажела историска одговорност. Мицкоски го умислуваат дека тој е некаков фактор од кој зависи регионалната безбедност. А него го интересира само како да го одложи одењето на Груевски во затвор.

4 Па дајте кога веќе кажувате вицови, кажете уште некоја смешка дека таа дружина може да се издигне над партиските интереси. Демек, ќе го препознаеле моментот и ќе воделе сметка за државните интереси. Ќе покажеле историска одговорност.

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e